Кремљ соопшти денеска дека претседателот на Русија Владимир Путин му се заблагодарил на неговиот американски колега Доналд Трамп, како и на ЦИА, за информациите кои помогнале за апсење на екстремистите кои планирале да извршат напад врз Казанската катедрала во Сенкт Петербург.
– Путин го увери Трамп дека руските безбедносни служби се подготвени да споделат информации за можни терористички закани врз САД, наведе Кремљ.