„Путин е здрав, и може „да ви ја скрши раката при поздравување“


Владимир Путин е во добра здравствена состојба, изјавил преку радиото „Ехото на Москва“ портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, тој ги негираше неодамнешните шпекулации дека здравствената состојба на рускиот државен функционер биле лоши.

Вчера Кремљ соопшти дека посетата на Путин во казахстанскиот главен град Астана беше одложена
и тоа раси – не за прв пат -се шпекулации за здравјето на претседателот.

putin 456

Денес, пак, стана јасно дека Путин нема да учествува на состанокот во Федералната служба за безбедност, на кој секоја година присуствува. Песков, прецизира дека Путин не планирал учество на оваа средба.

Портпаролот на Кремљ посочи дека Путин е во добра здравствена состојба, и дека кога се ракува, „може да ти скрши раката“.

Песков изјавил за „Ројтерс“ дека Путин има постојано средби и денес, и утре, но не може да каже кога ќе биде следната јавна појава на претседателот.

Последен пат Путин се појави пред јавноста на 5 март, кога се сретна со италијанскиот премиер Матео Рензо, потсетуваат агенциите. Запрашан од „Ројтерс“ дали Путин е здрав, Песков кратко одговори: „Да.“

Истовремено државниот ТВ канал „Русија-1“ емитуваше делови од филмот „Крим. Патот кон татковината“, во кој Путин објаснува зошто Русија дејствувала со цврста рака во Крим во март минатата година.

За да спречиме развој на настаните како оние во Донбас сега, бевме принудени да ги преземеме потребните активности за обезбедување на слободно мислење на жителите на Крим. Крајната цел беше да дадеме можност на луѓето да го изразат своето мислење за тоа како сакаат да живеат понатаму, изјавил Путин.

Во претходните изјави тој истакна дека референдумот во Крим бил во согласност со меѓународното право на ОН.

Украина сепак смета дека полуостровот на своја територија, која привремено е окупирана од
САД, ЕУ и нивни партнери исто така не ја признаваат анкетата на Крим и воведоа санкции против физички и правни лица во Русија, потсетуваат од „РИА Новости”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1