Путин ги праќа Русите на десетдневен одмор – Русија се затвора 10 дена


Рускиот претседател Владимир Путин објави дека планира да прогласи 10 неработни дена за пандемијата на коронавирусот во таа земја да се стави под контрола.

Како што пренесува Франс прес, но и руските агенции, претседателот на Русија се согласил бројот на неработни денови околу 1 мај да се продолжи за два, па така Русите ќе заминат на принуден одмор.

Предлогот да не се работи десет дена дојде од шефицата на руската Служба за надзор на пазарот и заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова.

„Ако сметате дека е потребно, ајде да го сториме тоа. Ќе го потпишам указот денес“, рече Путин.

Се наведува дека принудниот одмор ќе почне на 1 мај и ќе трае до 11 мај, кој треба да е работен.

Русија има пријавено над 4,7 милиони случаи на коронавирус. Денеска има над 8.800 нови инфицирани, и 398 починати. Во Русија до денеска се регистрирани вкупно 107.501 починат од коронавирус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1