Путин ги протера турските фудбалери од Русија


Како последица на рушење на рускиот воен авион Су 24 од страна на турската авијација, Русија подготвува низа на мерки кои имаат за цел да ја казнат Турција, според која се подготвува мерка со која на руските фудбалски тимови ќе им се забрани да носат турски интернационалци од 2016 година.putin33322

Овие мерки наводно биле побарани лично од претседателот Владимир Путин, а најверојатно нема да се запре на фудбалот, туку турските спортисти воопшто нема да може да се надеваат на трансфер во Русија.

Турските градежни компании кои што веќе работат на изградбата на стадионите за светското првенство во 2018 година, ќе продолжат со работата но нема да добиваат нови договори.

Високи претставници на руската влада ги повикаа фудбалските клубови од оваа земја, да не одат ниту на зимски подготовки во Турција, каде што традиционално се организираат фудбалските кампови во текот на зимската пауза. На оваа препорака се одзва речиси сите екипи, а единствено во небрано се најде тимот на Локомотив од Москва, од каде веќе ја исплатиле целосната сума за своите подготовки во Турција, па доколку не отпатуваат ќе ги загубат парите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1