Путин го потпиша законот за забрана за пушење


Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот против пушењето на јавни места во земјата, кој ќе стапи во сила од јуни оваа година, соопшти денеска Кремљ. 

putin2-300x225Со новиот акт се регулира „заштита на здравјето од влијанието на чадот од цигарите врз околината и од последиците со нивната употреба“.

Законот им забранува на тутунските компании да организираат лотарии и да спонзорираат манифестации.

Освен тоа, кутиите со цигари повеќе нема да бидат изложени на излози и штандови, туку таму ќе се наоѓаат само ценовници на овие производи. Забраната, исто така, важи и за електронските цигари и за тутунот за жвакање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1