Во Русија стапи на сила забрана за користење на пцовки во филмовите, театарските претстави и книгите, со цел, како што стои во законот, заштита на руската лингвистичка култура.
Филмовите што содржат пцовки ќе бидат забранети, а книгите со непристојни изрази ќе се продаваат во запечатени пакувања на кои ќе стои соодветно предупредување.
Театрите нема да смеат да прикажуваат претстави со пцовки, а казната за непочитување на законот е по 1500 долари за секоја пцовка.
Полицијата со посебен софтвер “swear-bot” вреден 730.000 долари ќе трага по пцовки на интернет.