Путин ја прави Ноевата арка: Руски научници собираат ДНК од сите живи организми на Земјата!


– Проектот го нарекуваме Ноевата арка. Целта е да сездадеме база на податоци во која ќе се соберат гените на целиот жив свет на планетата, вклучувајќи ги видовите кои се живи, оние кои се во изумирање и секој достапен материјал на веќе изумрените.

putin arka

Универзитетот Ломоносов доби милијарда рубљи ( 195 милиони долари) од државниот фонд за наука, најголем износ кој воопшто некогаш бил одобрен, да собере ДНК примероци од сите живи суштества но и од изумрените видови, за да се изработи прва светска база на генетски материјал од тој вид.

– Проектот го нарекуваме Ноевата арка. Целта е да сездадеме база на податоци во која ќе се соберат гените на целиот жив свет на планетата, вклучувајќи ги видовите кои се живи, оние кои се во изумирање и секој достапен материјал на веќе изумрените видови. Тоа е задачата која си ја поставивме – изјави ректорот на Универзитетот Ломоносов Виктор Садивнич – пренесе Б92.

„Генетската арка“ треба да биде завршена во 2018 година.

– Арката ќе ни овозможи да замрзнеме и чуваме најразлични материјали кои подоцна ќе можеме да ги репродуцираме – изјави ректорот.

– Банката на материјали ќе биде директно поврзана со најголемите Универзитети во земјата, можно е и со универзитети во странство. Ако ова го реализираме тоа ќе биде голем чекор за Русија, која ќе биде прва земја во историјата која ќе создаде вистинска Ноева арка – рече Садивнич.

Пред Русите, Британците направија свој проект со кој се зачувани генетските материјали на загрозените видови, а проектот кој има за цел да го сочува семето на секој постоечки вид на билки на Земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1