Путин ќе руча од чиниите на Тито


Путин во Србија пристигнува за два дена, а за време на посетата ќе руча од чинии со сребрен есцајг направени пред 40 години специјално за Јосип Броз Тито.

Како што дознава српски Курир, предвидено е претседателот на Русија во Плататата на Србија да има ручек кој ќе трае 40 минути, бидејќи Путин ќе биде во Белград само неколку часа.putin ju

-Тоа ќе биде ручек за голем број на луѓе. Од наша страна ќе присуствуваат претставници на нашата општина, претставници на Владата и претставници од други институции. Николиќ на Путин ќе му врачи поклон, но тоа сигутно нема да биде ракија како што се шпекулира во јавноста. На аеродромот шефот на Кремљ, покрај Томилсав Николиќ ќе го дочека и премиерот Александар Вучиќ, градоначалникот на Блеград Синиша Мали и најверојатно шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Путин ќе има состаноци со Николиќ и Вучиќ а ќе бидат потпишани и 7 споразуми, открил соговорникот за Курир.рс.

Руската авио-група Стрижо, која ќе учествува на воената парада со 5 авиони „миг 29“, вчера слетала на аеродромот Батањица. На парадата ќе учествуваат околу 4.500 припадници на Министерството за одбрана и војската на Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1