Претседателот на Русија Владимир Путин му гочеститаше поранешниот кубански лидер Фидел Кастро 90-тиот роденден и ја нагласи неговата преданост кон народот на Куба и на неговата улога во развојот на односите меѓу двете земји.
Во Русија имате голема почит како истакнат државен деец, кој го посветил целиот свој живот во служба на народот на Куба. Огромен е вашиот личен придонес во развојот на односите на пријателство и соработка меѓу нашите две земји, истакнува Путин во поздравната телеграма, поставена на сајтот на Кремљ. Рускиот претседател изразува уверување дека односите меѓу Русија и Куба и понатаму ќе се развиваат плодно, придонесувајќи за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност. Денес, 13 август, Фидел Кастро, кој беше на чело на Куба од 1959 до 2011 година, ќе наполни 90 година