Путин: Не си играјте, сепак, сме нуклеарна велесила


Путин на форумот на руската младина во Твер потсетил на нуклеарното оружје, но и дека нема во план да го продлабочува конфликтот со Украина.

„Можам веднаш да кажам: Русија е далеку од тоа да се вовлекува во некои обимни конфликти, но партнерите треба да сфатат, дека е подобро да не влегуваат во спорови со Русија“, кажал рускиот претседател.

slike_svet_6_vladimir_putin1_939301746Потсетувајќи дека Русија „е една од најмоќните нуклеарни држави“ и дека тоа е реалноста, Путин додал дека Русија „ги зајакнува силите на нуклеарната одбрана, ги засилува своите оружени сили“.

„Тие стануваат покомпактни, поефикасни. Стануваат посовремени од аспект на опремувањето со помодерни системи на вооружување. Продолжуваме да го јакнеме потенцијалот и тоа ќе го правиме“, кажал Путин.

Според него, тоа не се прави за некому да му се заканува, туку за Русите да се чувствуваат побезбедни и помирни, да имаат можност да ги реализираат плановите за развивање на стопанството и социјалните области.

„Секогаш мора да бидеме подготвени да ја одбиеме секоја агресија кон Русија, а нашите партнери, во каква состојба и да се наоѓаат нивните држави и кон кој надворешнополитички концепт и да се придржуваат, треба да сфатат – подобро е да не влегуваат во конфликти со нас, особено не оружени“, предупредил Путин.

Обраќајки се на младинскиот форум Селингер-2014, претседателот на Русија кажал дека црноморскиот остров не бил анектиран, туку заштитен.

Путин додал и дека Крим, „светото место за Русите“, нема да се врати под контрола на Киев, истакнувајќи дека „рускиот и украинскиот народ се практично еден ист народ, што публиката го проследила со аплауз.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1