Русија би требало да произведува сама 90 одсто од лековите до 2018 година, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
Тој забележал дека фармацевтските бизнис приходи се високи и ги повикал инвеститорите да развијат домашна фармацевтска индустрија.
„Би требало да ве известам или да ве потсетам, дека планираме да го достигнеме нивото во фармацевската индустрија такво да до 2018 година, 90 одсто од лековите кои се користат во Русија, ќе бидат произведени во Руската Федерација“, рекол Путин во текот на панелот за здравствените прашања на форумот во Москва.
Путин нагласил дека „тоа што увезувате супстанции и хемикалии, па потоа ги измешате не значи дека лекот сте го произвеле во Русија“.