Путин: Новите богаташи во светската политика го изгубија осетот за реалност


Некои земји се обидуваат да го продолжат своето лидерство насила, но „новите политички богаташи“ едноставно не разбираат дека постојат држави кои нема да се помират со улогата на вазал, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.putin3333

„Денеска го гледаме тоа што го гледаме. Но сега сакам да кажам нешто друго. За тоа, дека нашите нови политички богаташи го изгубија чувството за реалност, ми се чини. Тие дури и не сфатија дека во нивниот сопствен свет почнаа неповратни процеси“, ги пренесува зборовите на Путин „Взгљад“.

„Ако сега сите стојат во став „мирно“, тоа не значи дека така ќе биде вечно, затоа што има некои земји и народи кои никогаш во себе нема да се помират со второстепена улога, со улога на окупирана земја или на некаков вазал. Порано или подоцна сето тоа сепак ќе помине. А јас мислам, доволно брзо“, вели Путин.

Според неговите зборови, за да го продолжат своето лидерство, земјите се обидуваат да ја протуркаат својата позиција насила.

„А тоа, се разбира, е лошо“, изјави Путин во документарниот филм на Саида Медведева „Светски поредок“ што се прикажа на телевизијата „Русија 1“.

Ruskarec.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1