Рускиот претседател Владимир Путин во двочасовниот документарен филм емитуван вчера изјави дека во 2014 година наредил уривање авион на компанијата Пегасус ерлајнс, пренесуваат агенциите.
Путин во документарецот изјави дека добил дојава од безбедносните служби за киднапирање патнички авион од Украина кон Турција спроти отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.
Во авионот имало 110 луѓе, а пилотите пријавиле дека еден од патниците има бомба и планира да нападне на церемонијата на отворањето на Олимписките игри. Путин во филмот вели дека безбедносните службеници му кажале дека во такви ситуации се соборува авионот, на што тој одговорил: „Постапете според планот“.
Многу брзо било откриено дека станува збор за лажна тревога и летот продолжил без понатамошни инциденти.