Руската државна меѓународна агенција “Русија Денес“ отвара во Србија информативен веб-сајт и радио станица, пишува српски Блиц.
На 28. овој месец ќе биде одржана голема промоција, кога ќе бидат откриени детали за почетокот на работењето на “Русија денес” во дури 29 земји во светот. Оваа медиумска куќа е веќе меѓународно позната по нејзината телевизиски канал на англиски „Russia Today“ (RT).
Секое претставништво ќе започне со свој сајт на јазикот на земјата каде што се наоѓа и од пролет со работа треба да почне и радио станица. Интернет порталот во Србија, како што беше најавено, ќе информира за настаните во Србија, но пишувањата за надворешна политика ќе бидат проследени во согласност со државната политика на Русија. Отварањето на посебен руски ТВ канал во Србија засега не е во план
Постапката на отворањето на белградската канцеларија на “Русија Денес” се врши во согласност со локалните регулативи.
– Дозволите се побарани од Министерството за култура и информации, во тек е регистрација во Агенцијата за бизнис регистри и веќе двајца наши новинари добија акредитација за работа. Целиот процес треба да заврши до 28 октомври, кога официјално во Москва ќе се промовира отворањето на претставништвото – вели извор за “Блиц”.
Центарот во Белград ќе вработи 30 луѓе, а менаџер ќе биде Љубинка Милинчич, искусен новинар со долга традиција во Москва.