Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе разговара со владите на сепаратистичките територии, додека односите ќе бидат воспоставени по преговорите.
„Тоа ќе биде направено во иднина“, рече тој.
Тој додаде дека е потпишана уредбата за делување на армијата надвор од границите на Русија, што значи дека ќе им помогне на тие републики и воено.
Путин рече дека Москва разговарала со западните земји и со ЕУ и дека за конфликтот не се разговарало.
„Луѓето кои живеат во Стевастопол сами одлучија, неколку пати кажав колку е различно ова во однос на Косово“, праша тој. Како што наведе тој, никој со пушка не ги терал луѓето (во Украина) да ги отцепат териториите, туку сами одлучиле. „На референдумот со гласање одлучија што сакаат, никој не ги принуди на ништо со пушка. Оние кои се горди што се демократи нека ја признаат нивната одлука бидејќи тоа е највисок израз на демократијата – референдум“, заклучи Путин. . Запрашан за Договорот од Минск, Путин рече дека тој повеќе не постои