Путин се изнасмеа на изјавата на руски министер (ВИДЕО)


Реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на „глупавата“ изјава на министерот за земјоделство Александар Ткачов стана хит на социјалните мрежи. На состанокот на руски политичари во Вороњеж, Ткачов зборуваше за тоа дека Германија на годишно ниво извезува три милиони тони свинско месо.

– Годишно извезуваат три милиони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија, истакна Ткачов, а Путин почна да се смее.

– Но, Индонезија е муслиманска земја, таму свинското не е дозволено, одговори рускиот претседател.

Министерот за земјоделство, помалку неверојатно, му одговори на Путин: А во што е разликата?, предизвикувајќи смеа во целата сала. Тој всушност ги помешал Јужна Кореја и Индонезија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1