Путин се капе во крв од елен заради поголемо либидо


Претседателот на Русија, Владимир Путин се капе во крв истечена од исечени рогови на касписки точкаст елен, со цел да си го зацврсти здравјето, пишува „Дејли Меил“.

Древното предание вели дека тој „еликсир“ го поттикнува лачењето на тестостеронот, што пак, го подобрува и здравјето и потентноста кај мажот. Гласините говорат дека шефот на руската држава се капе в крв неколкупати во годината.

Активисти за заштита на животните го осудија тој „варварски ритуал“ на
сечење на роговите на елен за „големците да можат да се искапат“.

Уште повеќе, се говори и дека рускиот премиер Дмитриј Медведев исто така е љубител на крвавите бањи. Во Русија, роговите од тој вид елени се познати како „златни”.

Aлтајската фирма што извезува точкасти елени во Кина, поради нивното „лековито дејство“, го рекламира екстрактот како „моќен тоник, којшто ги зајаккнува коските, мускулите, забите, видот и слухот, а исто така лечи пневмонија, астма, остеопороза, артритис…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1