Путин: Терористите бараат нови упоришта на Балканот


По поразот во Сирија, терористите почнаа да бараат нови упоришта на Балканот и југоисточна Азија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој тоа го рекол на седницата на Советот на шефови на држави од Заедницата на Независни Држави (ЗНД), пренесува „Тас“.

„Соочени со поразот во Сирија, екстремистите сега се префрлаат во други региони каде се обидуваат да формираат упоришта, а меѓу нив е и Балканот, југоисточна Азија и за жал по јужната граница на земјите од ЗНД“, рекол Путин.

Според неговите зборови, борбата против терористичките закани е приоритет за земјите членки на ЗНД.

„клучна работа е да вложиме заеднички напори во борба против тероризмот“, рекол рускиот претседател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1