Путин вонредно ја проверува борбената готовност на армијата


Руското Министерство за одбрана утрово ја објави одлуката на врховниот командант Владимир Путин за нова вонредна проверка на борбената готовност на вооружените сили.isis-russia-putin-iii

Вежбата ќе ги зафати јужниот, западниот и централниот округ, како и Северната флота, Воздухопловно-вселенските сили и Воено-десантните сили, соопшти генерал Сергеј Шојгу.

-Во согласност со одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија денеска ќе почне уште една во низата вонредни проверки. Војската на Јужниот, дел од силите на Западниот и средства од Западниот и Централниот воен округ, Северната флота, Главната команда на Воздухопловно-вселенските сили и Воздухопловно-десантните сили од 7 часот по московско време ја проверуваат борбената готовност, објави Сергеј Шојгу на седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Како што наведуваат руските медиуми, проверката ќе трае од 25 до 31 август.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1