Путиновата ОПАСНА убавица: Никогаш не би работела за „украинските фашисти“ (ВИДЕО)


Главната обвинителка на самопрогласената Република Крим, 33-годишната Наталија Поклонскаја, ја завршува првата година од својот мандат. Иако Украинците секојдневно ѝ се закануваат со доживотна робија, па дури и егзекуција, таа тврди дека не се плаши од нив.

„Вработените во украинското обвинителство секојдневно ми се јавуваат и ми упатуваат најгнасни закани, од тоа дека ќе ме „фрлат во зандана“, до тоа дека ќе ме „убијат и распарчат““, изјавила Поклонскаја во интервју за новинската агенција Тасс.

Таа на местото јавен обвинител на Крим дојде пред точно една година, на 11 март 2014 година.tuziteljka-630x427

„Украинците отворено и директно ми се заканија дека, доколку веднаш не се повлечам од позицијата обвинител, ме чека комбе полно специјалци кои ќе ме уапсат и ќе ме фрлат во затвор. Им одговорив дека попрво би лежела во затвор отколку да им служам на фашисти“, изјавила убавата Русинка.

Наталија на сегашната позиција ја поставил тогашниот премиер на Крим Сергеј Аксјонов, иако пред тоа се познавале само неколку дена.

Пред неа имало само еден кандидат за позицијата јавен обвинител, кој се откажал во последниот момент, а Поклонскаја во ниту еден момент не се двоумела кога ја добила понудата од Аксјонов.poklonskaya-prosecutor-threats-ukraine.si

„Бев почестена, и немав никаков страв. Ја прифатив големата одговорност и си кажав себеси: Сега ќе си ја сработиш работата, а ќе се плашиш подоцна. Моравме на луѓето да им дадеме до знаење дека сите имаме заедничка цел“, изјавила Поклонскаја за руските медиуми.

Видео снимката од нејзината прва официјална прес конференција стана една од најгледаните снимки на сајтот Јутјуб, а многумина беа маѓепсани од нејзината убавина.

Наскоро таа стана вистинска ѕвезда, особено во Јапонија, каде постои и култ на нејзини следбеници кои себеси се нарекуваат „Наталијати“.

Сепак, таа јавно изјави дека големото медиумско внимание ја прави несреќна и пред сѐ ја попречува во работата.

„Јас сум адвокатка, а н Покемон“, порача убавата обвинителка, која во декември била мета на атентат, кој за среќа бил спречен пред Поклонскаја воопшто да биде во опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1