Јулио Кју Камара (52) слободно може да се каже дека се занимава со една од нјгнасните работи на светот. Тој е главниот нуркач во канализацијата во Мексико Сити, а неговата задача е да ја одржува 10 километри долгата мрежа на канализациската цевка.
Тоа често бара да со својата специјална нуркачка опрема, се нурне во густата и матна содржина, за да го отстрани застојот и рачно да поправи одредени работи.
Ку Камара веќе 30 години, ја работи оваа работа, која од него бара во просек 4 нуркања месечно, додека под површината поминува од 30 минути до 6 часа.
Притоа носи вистинско нуркачко одело со шлем, тешко околу 45 килограми, кое мора да го заштити, од човечкиот, животински и хемиски отпад и нивната неподнослива реа, внатре во канализацијата на една од најголемите метрополи во светот.
При одзатнување на канализацијата се сретнува со разни предмети, големи и мали, од догорчиња од цигари, па делови од автомобили и камиони како големи гуми, парчиња мебел, и микробранови печки, мртви свињи, коњи и крави па се до човечки тела.
„Сето ова се наоѓа во канализацијата. Човек не може да се запраша како тие работи стигнале до таму, но таму се и тоа е сосема смешно“, вели Ку Камара.
Најлошото искуство во овој бизнис Камара смета, е кога ќе наиде на човечки леш.
„Најлошто искуство во оваа работа е она кога ќе најдам човечки леш, а сум ги пронашол во прилично голем број“, вели Камара.
Но, како и на него така и на неговите колеги, голем проблем им причинува и ѓубрето, кое редовно ги гуши пумпите и металните решетки.
За да се заштеди на време, пумпите се отпушуваат и се поправаат рачно, но работата дополнително му е отежната во темнината, затоа што ниедно светло не е доволно силно за да ја разбие темнината во канализацијата.
Кога ќе излезе, темелно се чиси со големо црево. Дома го очекуваат неговата сопруга и две деца. Во моментов обучува двајца помлади колеги кои што ги подготвува да ја преземат неговата работа.