Туристичкиот портал CNTraveler објавил атрактивен оглас за работа кој ќе привлече огромен број на невработени авантуристи, но и вработени кои не се задоволни со тоа што го работат.
Станува збор за патување кое треба да трае една година, а се што треба да правите е да фотографирате и да пишувате статии за местата каде сте биле и притоа да ги објавувате на социјалните мрежи. Секако, треба и да волонтирате, за да го напуштите местото поубаво и подобро.
Работата во која сите трошоци ви се платени, плаќа 100.000 долари и пат околу светот, а тоа се три одлични причини за пријавување на голем број на авантуристи ширум светот.
Рокот за пријавување е 15 септември, а сите заинтересирани мора да снимат видео со времетраење од 60 секунди кое најдобро ги претставува и да го стават на веб страната на Jauntaroo.
Том Вилсон од наведената фирма изјавил дека патувањето ќе трае 52 дена, а за тоа време треба да се посетат од 30 до 50 дестинации ширум светот, од Берлин до Малдиви.
По пријавувањето ќе бидат одбрани 50 полуфиналисти, од кои 5 ќе влезат во финалето.
Tocka