Работат ли нешто Пазарните инспектори – лани одговориле на 60 поплаки од 4000 поднесени


Пазарните инспектори лани одговориле само на 60 од вкупно 4.000 поднесени жалби од потрошувачи чии права биле повредени од страна на трговците. Тоа, според министерот за економија Беким Незири, е поразителна бројка, поради што ресорното министерство најави засилени контроли врз институциите задолжени за заштита на правата на потрошувачите, како и за обука на нивните вработени.

(foto – ilustracija)

inspektoriАнализите на Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ) покажуваат дека граѓаните стануваат с` посвесни и поинформирани за своите права. Но, за да може докрај да ги остварат, потребно е поголемо ангажирање на надлежните институции. Дека правдата се тера бавно, покажуваат многубројните искуства на граѓаните. Едно од нив е на битолчанката Маја Талевска, која пред извесно време купила брендиран кожен паричник од позната продавница во Скопје. Но, кога стасала дома сфатила дека станува збор за лоша копија на оригиналниот производ, поради што следниот ден повторно отишла во продавницата и побарала да ~ ги вратат парите, како што пропишува Законот за заштитата на потрошувачите. Според него, ако купувачот не е задоволен од производот, може да го врати во рок од осум дена, пишува Дневник.

– Паричникот воопшто не беше користен, ја имав и фискалната сметка, како и оригиналното пакување. Не сакав да ми го заменат бидејќи сфатив дека сите производи не се оригинални, туку побарав да ми ги вратат парите, што менаџерката веднаш одби. Поради тоа, ги пријавив во Пазарната инспекција, која прати инспектор во продавницата. Инспекторката телефонски ме извести дека проверката на документацијата покажала оти производот е оригинален, но дека сепак треба да ми ги вратат парите ако тоа го сакам. Добив и писмено решение од неа. Но, менаџерката на продавницата упорно одбиваше да ми ги врати парите и да го спроведе решението. По вторпат пријавив во Инспекторатот и по мое упорно инсистирање да преземат нешто, по повеќедневна голгота успеав да си ги добијам парите назад – раскажува Талевска.

Таа е незадоволна од залагањето на Пазарната инспекција бидејќи, како што вели, потребни биле безброј обиди и лично одење таму додека го оствари своето законско право.

– Особено ме изреволтира тоа што самата процедура додека поднесеш претставка те одвраќа да го сториш тоа. Прво, едвај можете да ги најдете канцелариите на Инспекторатот, па од таму тењ препраќаат некаде да ги фотокопираш документите бидејќи немаат фотокопир, за на крајот милион пати да се јавуваш да провериш до каде е работата и да притискаш да се заврши – вели Талевска.

Министерот Незири вчера истакна дека прва мерка на Министерството ќе биде новата обврска на Државниот пазарен инспекторат еднаш месечно да доставува извештај за својата работа наместо квартално како досега. Според најавите на министерот, следната недела треба да пристигне грант од ИПА-фондовите на ЕУ вреден 1,33 милион евра. Од овие пари, 700.000 ќе бидат наменети за обуки на администрацијата, а останатите за невладините организации што се занимаваат со заштита на потрошувачите.

Дневник.мк

Повеќе за вашите права на следниот линк

Продавниците мора да ви ги вратат парите, а не само заменат робата – еве што вели законот
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1