Работник во хотел влегол во соба и силувал позната личност (ФОТО)


Позната ТВ ѕвезда била силувана во својата хотелска соба, додека била во полу-свесна, алкохолизирана состојба, потполно неспособна да се одбрани.

dzonСоби Џон (25) е студент од Индија, кој во Велика Британија работел како портир во хотел. Една вечер тој забележал дека една од гостите на хотелот, инаку позната ТВ личност, пијана влегла во нејзината соба со помош на пријателка. Џон успеал да дојде копија од клучевите од нејзината соба, по што влегол внатре и ја силувал.

Жената била во несвесна, алкохолизирана состојба, но во еден момент ги отворила очите и го погледнала младиот Индиец. Се обидела да го оттурне и да се ослободи, но тој започнал да ја дави, по што повторно се онесвестила. Џон ја фотографирал жената гола, а потоа го зел нејзиниот телефон и сам си испратил порака, како би изгледало дека тие се во врска и дека таа сакала однос со него.

Меѓутоа, полицијата го открила злоделото, пронашла негова ДНК во неколку места во собата и го уапсила младиот Индиец. Тој е осуден на десет години затвор, а кога ќе ја одлежи казната ќе биде депортиран во Индија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1