По пристигнувањето во странската земја, работниците се држани во нечовечки услови, им се крателе договорените плати, нечовечно се казнувани, терани да работат прекувремено без можност да одбијат.
Обвинителството на БиХ поднесе тужба против 13 лица кои се товарат за работна експлоатација на 600 лица од БиХ, од Србија и од Македонија врбувани за наводна работа во Азербејџан, јавува Танјуг.
Со истрагата е утврдено дека обвинетите за организиран криминал и трговија со луѓе, ја искористиле лошата финансиска состојба и егзистенцијалната загрозеност на луѓето во периодот од 2007 до 2009 година и организирале заминување на стотици граѓани за наводна работа во Азербејџан.
По пристигнувањето во странската земја, работниците се држани во нечовечки услови, им се крателе договорените плати, нечовечно се казнувани, терани да работат прекувремено без можност да одбијат. На работниците по доаѓањето им биле одземани патните исправи за да бидат потполно зависни од сега обвинетите лица, немале средства за живот, им била ограничена слободата на движење и можноста да се вратат во Босна и Херцеговина.
На овој начин, со експлоатација на работниците е направено кривично дело трговија со луѓе.
Преку експлоатација на жртвите обвинетите оствариле незаконска имотна корист во повеќемилионски износи кои ги чувале на сметки во повеќе држави. Според собраните докази, се работи за износ од 3 милиони евра.Во текот на постапката ќе се бара тие парида им бидат одземени, соопшти Обвинителството на БиХ.