Професорот Тим Лејхи, кој се занимава со проучување на ХИВ вирусот, смета дека медицинскиот факултет би можел или морал да го смени начинот на кој ги бира своите студенти, за најдобрите кандидати да добијаш шанса и да станат лекари и тоа така што идните бруцоши би се бирале на основа на скен на мозокот.
Неговиот предлог е базиран на фасцинантно откритие кое покажало како различни делови од мозокот диктираат различни емоции.
Кога луѓето со изразена емпатија гледаат видео игри во кои некој трпи болка, центрите за емпатија на нивниот мозок се покажуваат на скенот. Мозокот на психопатот на истото видео реагира така што нема никакви промени на скенерот.
Лејхи смета дека би била добра идеја наместо разговор за работа да се воведе скен на мозокот за изборот на кандидат да биде објективен.Иако веројатно овој предлог нема никаде да помине, сепак заслужува малку да се поразмисли за начинот на кој конкурираме и добиваме работа.