Калвин Инес кој работи како илустратор за детски книги дозна дека боледува од рак само две недели по раѓањето на неговиот син. Му бил дијагностициран му е тумор на штитните жлезди.
Лекарите по хируршки пат му го остраниле тумурот но му препишале дневно да зема коктели на лекови кои би го спречиле понатамошното ширење на ракот. Земањето на таблетите имало и негативни последици по неговото здравје, и тој не смеел да се доближи до неговиот син.
-Кога земате такви таблети, буквално сте како радиоактивен. Не смеев три недели да се доближам до мојот син. Беше ужасно- изјавил Калвин
Според неговите зборови, поради третманот кој го имал, секој ден морал да биде контролиран со Гајгеров бројач за да се измери нивото на радијација.
За среќа терапијата дала резултати и Келвин го намалил бројот на апчињата. И додека се чекаат конечните резултати, Калвин повторно може да поминува време со својот син.