Ракета истрелана кон Тел Авив – Се спрема војна: Израел повика 40.000 резервисти


 Израелските телевизиски станици јавија денеска дека попладнево една ракета од Појасот Газа била истрелана кон Тел Авив, но потоа е пресретната.

izraelska-vojskaВо градот, кој се наоѓа околу 70 километри северно од Појасот Газа активирани се сирени. Израелската војска не ги потврди веднаш овие извештаи, но веднаш по објавувањето на оваа информација во градот се слушна експлозија, јави Танјуг.

Медиумите прецизираа дека ракетата била пресретната од противракетниот систем „Железна купола“.

Овој ракетен напад е најдлабок удар на палестинските екстремисти, откако рано изутрината Израел покрена офанзива во Појасот Газа. Претставник на израелските сили за безбедност изјави претходно дека нема сомнение дека Хамас ќе се обиде да истрела ракети кон Тел Авив, па дури и понатаму.

Градските власти во Тел Авив во меѓувреме врз основа на инструкциите на цивилната одбрана почнаа да ги отвараат скривалиштата за бомбашки напади, поради можните ракетни напади од Појасот Газа.

Имаше повеќе ракетни напади во последните неколку надели поради напнатоста после убиството на тројцата млади Еврејци, за што е обвинет Хамас, и убиство за освета на еден палестинец кое го признале еврејските екстремисти.

Израелската војска повика 40.000 резервисти за случај да одлучи да покрене копнена офанзива во Појасот Газа.

Одлуката ја донела израелската влада после утринската воздушна офанзива која ја покрена против палестинскиот радикален покрет Хамас, пренесуваат израелски медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1