Албанскиот премиер Еди Рама е во посета на Црна Гора, што според неговиот црногорски колега Душко Марковиќ претставува потврда за добрососедските односи меѓу двете земји.
Рама изјави дека во Црна Гора се чувствува како во Албанија.
На прес-конференцијата, што по средбата ја одржаа црногорскиот и албанскиот премиер, Марковиќ нагласи дека Албанија и Црна Гора ќе ја зголемат соработката во областа на енергетиката, транспорот и туризмот, а Владите на двете земји ќе одржат заедничка седница во октомври во албанскиот град Шкодра.
Рама, кој во меѓународните кругови е оценет како лидер на сите Албанци, независно од тоа каде живеат, беше замолен да даде коментар на фактот што косовскиот Парламент се уште го нема ратификувано договорот за демаркација на границата со Црна Гора, потпишан пред две години.
– Како трета земја можам да кажа, дека сум и благодарен на Црна Гора за придонесот за решавањето на ова прашање со надеж дека тоа ќе биде решено на соодветен начин, коментираше албанскит премиер.
Рама изрази задоволство за тоа што Црна Гора ќе биде 29-та членка на НАТО.
Марковиќ истакна дека албанската заедница во Црна Гора е верна на државата во која живее, како и на нејзините интереси.