Албанксиот премиер Еди Рама, кој денес е во посета на јужниот српски град Прешево, во интервју за Б92 вели дека Голема Албанија е застарен мит за кого не се залага ни еден албански политичар.
– Нашиот проект е Голема Европа со Србија и Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за Голема Албанија“,изјавил Рама
Како што вели Рама зачуден е од фактот дека некој во Србија бил провоциран од ставот дека Косово е независна држава, одделно од Албанија,
– Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност, нагласил Рама.
Инаку, Рама и негоивот домаќин Александар вучиќ и покра создадената ситуација синоќа вечерале заедно со уште неколку министри.
Според албанските медиуми Рама жителите на Прешево го пречекуваат под паролата „Добредојде премиере“ со тапани во центарот на градот.