Ранет сомнителен маж во пукање пред Белата куќа


Маж вооружен со пиштол е ранет во петокот во близина на Белата куќа, од страна на агентите на американската Тајна служба, јавуваат американските медиуми.

Целиот комплекс на Велата куќа е ставен под посебен режим по пукањето, објави полицијата. Едно лице е пренесено во болница со повреди „опасни по животот“, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.VASINGTON PUKANJE MORNARICA

Човекот наводно се приближил на безбедносна контролна точка вооружен со пиштол, а припадниците на безбедносната служба пукале и го раниле во стомакот, јави телевизиската мрежа CNN повикувајќи се на официјални извори.

Според весникот The Washington Post, ранетиот маж е во критична состојба. Неговиот идентитет не е соопштен.

Човекот, кој се приближувал кон работната резиденција на претседателот на САД со оружје, бил ранет од обезбедувањето на Белата куќа, пренесе телевизијата BNO News. Ги потврдува информациите дека човекот приближувајќи се на контролниот пункт на кој дежурале агенти на Тајната служба мавтал со оружје.

Припадниците на Тајната служба неколкупати го предупредиле вооружениот маж, се наведува во официјалното соопштение на портпаролот на службата Дејвид Јаковети.

„Униформирани полицајци на Тајната служба неколку пати го повикале човекот да застане и да го одложи оружјето. Кога тој не реагирал на усните команди, припадник на Тајната служба пукал во него еднаш“, изјави Јаковети.

Тајната служба, задолжена за безбедноста на највисоките американски државни функционери, на Twitter потврди дека полицајци „беа инволвирани во пукање околу комплексот на Белата куќа“ и објави дека секој кој е под нејзина заштита е безбеден.

Полицијата го блокираше паркот кој се наоѓа пред зградата кај која се случил инциденрот, а на новинарите кои се нашле во тој момент во собата за медиуми на Белата куќа им било речено да се засолнат на сигурно место во подрумот. Малку подоцна укинат е специјалниот режим на подрачјето на целиот комплекс, пренесе агенцијата Reuters.

Американскиот претседател Барак Обама не бил во резиденцијата во времето на пукањето, туку играл голф со потпретседателот Џозеф Бајден во блиската воздухопловна база „Ендрјуз“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1