Фирмата Mondelez International, која е сопственик на чоколадните брендови Cadbury, Milka и Oreo, распиша конкурс за професионален дегустатор на чоколадо.
Овој работник ќе јаде чоколадо и ќе дава искрени одговори за производот!
Се работи вкупно 7,5 часа неделно од вторник до четврток. Среќната личност ќе соработува со 11 лица.
– Дегустаторот ќе биде вклучен во помагањето на Mondelez да усоврши и да исфрли на пазарот сосема нов производ ширум светот, стои во конкурсот за работа.
Заинтересираните лица мора да имаат страст кон слатките, добро непце за вкусови и желба да пробаат нови производи. Искуство не е потребно, но неопходно е добро да се знае англискиот јазик.