Расте бројот на пациентите, но и на услугите во болницата „Филип Втори“


За сто отсто е зголемен бројот на пациентите во последните три месеци во болницата „Филип Втори“, при што тие доаѓаат не само од земјава, од Косово и од Албанија, туку и од поширокиот регион и екс ју земјите. Со двете подвижни единици за интензивна нега, болницата нуди и транспорт на пациенти од цела Европа.zan mitrev 444

Д-р Жан Митрев, директор и основач на Специјалната болница „Филип Втори“, низ бројки и фотографии денеска ги презентираше постигнувањата и прогресот на полето на медицинските и целокупни услуги во новата болница во текот на 2016 година.

1.500 операции во новата болница на пациенти од земјата и од поширокиот регион, успешно завршени комплицирани операции за пациенти од земјата, но и од Хрватска и Словенија. Нови апаратури со кои се постигнува прецизна дијагностика, воведени напредни процедури, апартманско сместување, модерни амбулантни возила за транспорт на подолги релации, голем интерес за генетски тестирања, системска озон терапија кај гангрена, се само дел од резултатите и услугите кои ги овозможи тимот на д-р Жан Митрев годинава.

Болницата поседува 256 слајсен компјутер за компјутерска томографија, која нуди намалено зрачење и минимум инвазивност.

– Постои огромен интерес за испитувања во генетската лабораторија. Досега има 2.500 барања за овие испитувања. Ова е првпат во Европа да го доближиме генетското испитување до пациентите – рече Митрев.

Тој ги потенцираше придобивките за пациентите преку новите медицински услуги и процедури и апаратури кои ги има болницата „Филип Втори“.

– Новиот апарат за магнетна резонанца овозможува поголема прецизност во дијагностицирањето и е бесшумен, апаратот за компјутерска дијагностика и ангиографот се реткост во болници во регионот. Ангиографот прави 3Д слики. Болницата поседува 70 кревети во интензивна нега, што е една од најдобрите понуди во болниците во Европа. Во функциија е одделот за електрофизиологија, корекција на граден кош, лекување на гангрена со озон терапија. Луксузните апартмани нудат можност за постојано присуство на придружник – истакна денеска д-р Митрев, кој и понатаму работи на унапредување на стандардите во испораката на медицински услуги за пациенти од земјата и пошироко од регионот.

Во моментов во болницата се вработени 276 лица, а за следната година се најавуваат уште 100 нови вработувања. За следната година е најавено отворање на кол центар за потребите на пациентите, кој ќе работи 24 часа, нова веб страница каде ќе има дел за онлајн разговор на македонски, српски, албански и на англиски јазик.

Новитети и поставувањето на високи стандарди на полето на медицината, но и кај целокупните услуги отсекогаш биле фокус на интерес на д-р Митрев. Сето тоа се заокружува како приказна со изградбата на новата болница каде успешно функционира систем од современи медицински, но и други дополнителни услуги, во насока на брза, ефикасна и успешна услуга на пациентот, но и за здравите луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1