Расте смртноста кај македонските граѓани предизвикана од аерозагадувањето


Во Македонија расте смртноста кај населението од болести предизвикани од аеро загадувањето. На годишно ниво умираат од 1000 до 1200 луѓе од мозочен удар и инфаркт на срце, болести кои можат да се спречат велат од Институтот за јавно здравје. Деновиве загадувањето со ПМ 10 канцерогени честички е 10 пати над дозволениот лимит на ЕУ но и светската здравствена организација. Во услови кога има енормна навала на населението за хоспитална и амбулантна помош и тоа од се повеќе млади лица, потребно е синхронизирано да се реагира на локално и централно ниво вели проф Ѓорѓев. Предупредува да се применат мерки што поскоро бидејќи отпорноста кај населението потполно ќе се промени.moj-vozduh-zagadenost

Аеро загадување има преку целата година а најголеми извори со тешки метали се индустриските и урбаните активности вели проф Стафилов од ПМФ. ПРоблемот ќе се реши само со долгорочни мерки но професорот реагира и краткорочните решенија кои се реално можни не се применуваат иако можат да ги ублажат последиците по здравјето.

Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа од загадување на воздухот. На првата научна конференција за аеро загадувањето која има за цел да се поттикне дискусија помеѓу граѓаните и експертите, беше истакнато дека за овој проблем потребно е политичко решение и големи финансиски средства.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1