Ратко Младиќ испрати порака до граѓаните на Република Српска


Поранешниот воен командант на војската на Република Српска и хашки осуденик Ратко Младиќ, им се обрати на граѓаните непосредно пред изборите во Босна и Херцеговина.

Младиќ се обрати со порака која на прес-конференција во Бања Лука ја пренесе претседателот на Организацијата на старешини на војската на Република Српска, Милован Милутиновиќ, чиј член е и Младиќ.

Тој во пораката порачал дека обврска на сите политичари и патриотски сили е да дадат отпор на сите форми на загрозување на Република Српска и нејзините институции.

Младиќ навел дека прифатил во периодот што следува да биде избран за почесен претседател на таа организација.

„Младиќ навел дека не го прави тоа заради себе, туку поради тоа што ги поддржува целите дефинирани со Статутот на Организацијата и потребата од обединување на патриотските сили околу основните цели и обврски насочени кон зачувување на Република Српска и зголемена грижа за семејствата на загинатите, воените инвалиди, борците и старешините кои дале несебичен придонес“, навел Милутиновиќ.

Хашкиот суд го осуди Младиќ на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и други воени злосторства. Во тек е жалбена постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1