Разочарување од Катар: Платата само за преживување, за одмор може да сонувате


Работата во Катар е како во соништата, како што мислат многумина. Немате нормално работно време, платата е доволна за преживување, имате три дена боледување во текот на целата година, а за годишен одмор може само да сонувате, тврди 35-годишната Алма Талетовиќ по струка физиотерапевтски техничар, пишува „Данас.хр“.Doha Katar

Таа својата работа од соништата ја добила откако на интернет страница за вработувања ги оставила своите референци. Набргу и се јавиле со понуда за работа во Катар. Таа ја прифатила понудата, но откако пристигнала во Катар сфатила дека вработувањето не е според договореното.

„Во договорот кој го потпишувате се убаво си пишува, но на договорот никој не се придржува. Ветуваат стан за самец, но на крајот завршувате во куќа со шестмина и делите заедничко ВЦ.

Ветуваат 3 или 4 недели годишен одмор, но од тоа нема ништо. Тие што тужат ги губат споровите бидејќи вообичаено судовите чекаат спорот да застари“, вели Талетовиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1