Разрешен албанскиот претседател Илир Мета


Албанското Собрание го прифати предлогот на владејачките социјалисти со двотретинско мнозинство и го разреши од должноста претседателот на државата Илир Мета.

Партијата на премиерот Еди Рама предложи тој да се смени откако Мета го поништи указот за распишување на локалните избори за 30 јуни.

За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде потврдена од Уставниот суд, но тој во моментов не функционира бидејќи повеќето судии се разрешени, објави Ал џезира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1