Фидел Кастро беше олицетворение на Кубанската револуција со сите нејзини надежи и сите нејзини разочарувања, оцени денеска француксиот претседател Франсоа Оланд по повод смртта на поранешниот кубански лидер.
– Како учесник во Студената војна, тој во очите на Кубанците стана симбол на отфрлањето на туѓинското ропство, порача Оланд во телеграмата со сочуство до кубанскиот народ.
Рускиот претседател Владимир Путин пак оцени дека Фидел Кастро претставува „симбол на една цела епоха во современата светска историја“.
– Слободна и независна Куба, влијателна членка на меѓународната заедница, што ја создадоа тој и неговите соработници, послужи како пример за многу земји и народи. Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија, наведе Путин во својата телеграма со сочуство по повод смртта на кубанскиот лидер.
Како што јави ТАСС, сочуство до кубанскиот народ по повод смртта на Фидел Кастро упати и рускиот премиер Дмитриј Медведев кој оцени дека со неговото „заминување, без никакво преувеличување, заминува една цела историска епоха“.
И шпанскиот премиер Маријано Рахој упати телеграна со сочуство до владата и народот на Куба, нагласувајќи дека Фидел Кастро беше „личност од историско значење“.
Венецулскиот претседател Николас Мадуро изрази солидарност со кубанскиот народ по повод смртта на Фидел Кастро, оценувајќи дека тој претставува доказ за „бесмртноста на луѓето кои се борат целиот свој живот“.
– Тукушто разговарав со лидерот на кубанската држава Раул Кастро за да му ја изразам нашата солидарност и љубов кон кубанскиот народ поради смртата на командантот Фидел Кастро, изјави денеска Мадуро, чија земја е еден од најважните економски и политички сојзуници на Куба на американскиот континент.
Сочувство по повод смртта на Фидел Кастро изрази и мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, кој поранашниот кубански лидер го нараче „пријател на Мексико и еден од симболите на 20-от век“.
– Фидел Кастро беше пријател на Мексико и поттикнувач на нашите билатерлани односи, базирани на почитување, дијалог и солидарност. нашиша Нието на својот налог на Твитер.
Последниот советски претседтаел Михаил Горбачов оцени дека Фидел Кастро „опстои и ја зацврсти својата земја во време на најтешката американска блокада, кога врз него се вршеше огромен притисок“.
– Тој усопеа да ја поведе неговата земја на патот на незвисниот развој, изјави Горбачов по повод смртта на Фидел Кастро.
Како што јавија западните медиуми, смртта на Фидел Кастро предизвика шок и изненадување кај Кубанците, кои оценуваат дека земјата ќе го почувствува отсуството водачот на кубанскиот народ“.
Ширум Куба луѓето се собираат пред телевизиските и радио примениците, кои емитуваат револуцинерни песни и емисии за животот на Фидел Кастро.
Во исто време, илјадници кубански мигранти излегоа на улиците на делот на Мајами познат како „мала Хавана“, со цел да ја прослават смртта на Кастро.
Голем број Кубанци во Мајами тропаа со лажици и тенџериња, вееја кубански знамиња, испалуваа огномети, пуштаа песни во ритмот на салсата и извикува „Да на Куба, не на Кастро“ и „Слободна Куба“