Реакции за избирачките списоци во Охрид – на еден список ги има, на другиот не


Претседателите на избирачките одбори во Охрид потврдуваат дека постои голем револт помеѓу граѓаните кои ги има во списокот за парламентарните избори, а ги нема во списокот за претседателските избори, објави Радио Слободна Европа

izbori livceКире Стојанов претседател на Избирачкото место 1308/1 вели дека разликата во нивното избирачко место од едниот во другиот избирачки список била околу 10 гласачи. Во Охрид на списокот за парламентарните избори има 650 повеќе гласачи од списокот за претседателските избори.

Од ОИК  за Радио Слободна Европа потврдија дека граѓани реагираат до нив за овие пропусти и оти ги упатуваат до ДИК. Во Охрид до 10 часот правото на глас за парламентарните избори го оствариле 10,87 % од гласачите, додека за претседателските избори 10,76%.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1