Реџепи: Сите што војуваат во Сирија се срам за Косово


Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи оцени дека сите оние кои војуваат во Сирија предводени од Лавдерим Мухаџери се срам за косовскста држава. Тој додаде дека нивното дејствување, кое го пренесуваат со видео-снимки даваат лош впечаток за Косово.

borci sirija– На овие луѓе им е испран мозокот од една погрешна идеологија. Тие се срам за косовската држава и нормално ние со сите законски механизми ќе ги превземемме сите мерки – изјави Реџепи.

Мухаџери (25) е лидер на Албанците кои војуваат во Сирија е познат, посебно по повиците за света војна како и по снимката на која тој прв го кине пасошот на Косово, по што тоа го прават и другите, меѓу нив и Албанец од Македонија.

Како што јавија косовските медиуми, откако ги искинаа пасошите од земјите каде што доаѓаат, Албанија, Косово, Македонија, Србија… албанските џихадисти припадници на таканаречената Исламската држава добиваат пасоши на прогласениот Калифат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1