Регистрирани два нови случаи на Сида во Гостивар


Една жена на возраст од 50 до 59 години и еден маж со над 60 години се двата нови регистрирани случаи на заразени од ХИВ на подрачјето на Гостивар, информираше д-р Војислав Огњаноски од центарот за Јавно здравје, на презентацијата за Стратегијата за превенција, која денес се одржа во Гостивар.hiv sida

Епидемиологот и раководител на гостиварското Епидемилошкото одделение д-р Огњаноски нагласи дека ова се првите случаи на ХИВ кои се евидентирани во Гостиварско после пет години. Сега вкупната бројка на заболени од ХИВ СИДА изнесува седум.

-Ова се случаи кои ги регистриравме овој месец по методот на доброволно тестирање и советување. Начинот на трансмисија кај новите случаи е хетеро сексуален. Најголемиот број на заболените и инфицираните се заразиле по сексуален пат, што е и во овој случај. Претходно имавме и случај на пренесување на вирус од мајка на бебе. Гостивар и натаму е во градовите со ниска преваленца на ХИВ Сида, како што впрочем е и Република Македонија, рече д-р Огњаноски.

За да се задржи малиот број на заболени, додаде, Гостивар е вклучен во проект за заштита од ширење на ХИВ, финансиран преку Европските фондови. За да се одржи нискиот број на заразени, изработена е и локална Стратегија за превенција, која денес беше презентирана пред лекари, граѓански активисти и социјални работници.

Првите случаи на заболени од ХИВ СИДА во регионот на Гостивар беа регистрирани во 2005 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1