Од денеска го прогласувам Ковид-19 за умрен, вели реисот Сулејман Реџепи.
Реисот Сулејман Реџепи денес во изјава за медиумите пред џамијата Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бакјрам и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов.
-Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денес . Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ е со нас ние се чувствуваме најсилни во светото, рече меѓудругото реисот.
За него вчера беше не само убав ден во пресрет на празникот, туку и убав за приватниот живот. По втор пат се ожени и тоа за 50 години помлада девојка.
Избраничката на неговото срце, како што пишуваа албанските медиуми е Емина Јетиши (24), која е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има ќерка од претходниот брак.