Антонио Лопез Чај (43) бил нападнат во бар во Лос Анџелес кога се обидел да спречи тепачка. Работникот од обезбедувањето го удрил со пендрек по глава осум пати и четири пати ја удрил неговата глава од земја. Работникот од обезбедувањето и шанкерот кои го нападнале Чај исчезнале без трага, пренесе Блиц.
Чај, молер по занимање, кој добил тешки повреди на главата од кои не може да зборува и не може да оди без туѓа помош, добил отштета во износ од 58 милиони долари, што воедно е и најголема до сега исплатена во Калифорнија.
Во мигот кога во судницата ја извадил капата, во судницата се слушнале извици на изненадување, затоа што во главата има голема вдлабнатина, голема колку четвртина череп.
-Го претепа човек кој не ни требал да работи тука- изјави неговиот адвокат.
-Кога Чај пристигна во болница, му недостасуваше дел од черепот. Лекарите му го спасија животот, но претрпе сериозни повреди на мозокот. Не е во состојба да зборува и потребна му е 24-часовна нега- објаснува адвокатот и додава дека го чекаат уште неколку операции- додава тој.