Вчера во Полициската станица – Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07:30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18).
Таа била грабната од У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило „Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и патничко возило „Фолксваген Голф 3“, дошле во домот на Е.К. каде насилно ја зеле Р.К. и заминале во непознат правец.
Во врска со настанот, во ПС-Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.К. како и целосно расчистување на кривичното дело.