Решена мистеријата за претепаната девојка од видеото во кое бараше помош


nasilstvo zena tepana

Спотот “Една фотографија дневно, во најлошата година од мојот живот” кој на “Јутјуб” ја потресе јавноста со прикажувањето по една фотографија на девојка сликана секој ден, 365 дена во годината, кое покажува дека таа е жртва на семејно насилство, е дело на една агенција која го смислила во рамки на борбата против семејното насилство

Некое време јавноста погодуваше дали спотот е дел од вистинскиот живот на некоја девојка, или пак е акција покрената во борбата против семејното насилство, но сега конечно мистеријата е решена-станува збор за кампања.

Загрижувачките податоци за семејното насилство во Србија, ја поттикнале непрофитната организација Фонд Б92 да реагира и да го оттргне вниманието на проблемот со семејно насилство.

Така, во соработка со една агенција осмислено е видеото во кое девојката на крајот моли за помош.

Mia-Дека овој проблем не е ограничен само на Србија, најдобро говори и податокот дека за овој спот медиумите известуваа дури во Канада, Франција, Италија и целиот наш регион. Во само два дена беше произведен ефект дека речиси целиот свет чекаше да дознае која е девојката од спотот-рече Ведран Матиќ, претседател на Фондот.

Главната јунакиња во спотот, Миа Хујиќ, која сакала да допринесе во борбата против насилството, го направила тоа затоа што голем број жени од нејзиниот живот се жртви токму на семејното насилство.

-Имав шанса моето лице да ги претстави тие луѓе, жени и мажи и да направиме нешто па макар и само со видео спот- истакна таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1