Откако социјалните мрежи беа преплавени со фотографија од „Гугл ерт“, на која наводно е забележано убиство и трага од крв на мост во Беатрикс паркот во Алмере, конечно се дозна што точно се случило тука.
По објавувањето на фотографијата, многумина се посомневаа дека токму на таа слика е забележано убиство, а форумџиите развија дискусија, обидувајќи се да откријат што точно се случило. Таблоиодот “Сан” конечно ја реши мистеријата. Тука не се случило убиство, а „крвавите” траги на мостот ги оставила пет годишната ретриверка Рама, која се капела во водата.
Сопственичката на кучето 52-годишната Жакелина, за „Сан“ раскажала дека нејзината ретриверка обожува да скока од мостот. Таа кога ја видела фотографијата, сфатила дека тоа е нејзиното куче.
– Таа обожува да скока од мостот и да се капе. На снимките таа трча кон нас и се тресе, објаснува Жакелин.
Трагата која на мостот изгледа како крв, всушност била водата која Рама ја оставила зад себе. Полицијата потврдила дека на местото не се случило никакво злосторство.