Рестрикции низ Европа: Полициски час во Париз, скратена работа во Берлин, само со семејство во паб во Лондон


Високата бројка на новозаразени со ковид ја натера Германија да воведе построги рестрикции во јавниот живот. Во регионите означени како жешки точки, пабовите и рестораните ќе работат до 23 часот, а маските се задолжителни на јавни простори каде што не може да се држи рестораните. Групирањата се ограничени на 25 лица на јавни и 15 на приватни простори. Канцеларката Меркел ги повика младите помалку да се забавуваат сега, со цел да имаат подобар живот утре.

Нови мерки подготви и Франција. Во Париз и во уште 8 градови ќе има полциски час од 23 часот до 6 часот. Мерката ќе опфати околу 18 милиони луѓе. Ќе стапи на сила во сабота и ќе трае најмалку 4 недели.

Од петок на полноќ построги органичувања ќе има и за граѓаните на Лондон. Забранети ќе бидат дружења на лица од различни семејства во затворен простор додека на отворено ќе смеат најмногу шестмина.

Заострени антиковид мерки веќе воведоа и други европски земји, како и земјите во регионот.

Епидемиолошката ситуација во Европа станува загрижувачка. Жариштето од САД се префрли на стариот континетет покажуваат податоците на СЗО. Шпанија стана првата змеја во ЕУ што регистрираше повеќе од 900 000 инфицирани од ковид, а вирусот најбрзо се шири во Чешка, земја со 10,7 милиони жители. Во последното деноноќие Чешка пријави 9 544 нови слуачи. Рекорден број инфицирани регистрираа и Велика Британија околу 20 000, Франција 22 591, Шпанија речиси 12 000 и Гермнаија 6 638 нови случаи. Рекорден број новозаразени, 745 регистрираше и Словенија, земја која има приближно ист број жители како и Македонија. Нов скок на бројот на заразени забележа и соседна Бугарија. За изминатите 24 часа пријави 819 позитнивни случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1