Рецепт за пача – пифтија / за оние што не го поднесуваат мрсното има и замена


Состојки

  • piftija2-300x3001 кг свински нозе
  • 1 кг телешки мускул
  • 1 мала главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 3 зрна најгвирц
  • 5-6 зрна црн бибер
  • 1 корен целер
  • 1 корен пашканат
  • 2 -3 кругови лимон
  • по вкус сол

Подготовка

Месото и свинските нозе измијте ги и ставете ги во тенџере од 5 – 6 литри. Сипете ладна вода да се покрие и ставете го да зоврие. Додека да зоврие цело време вадете ја пената која се создава, така пифтијата ќе ви остане бистра. Кога веќе не фрла пена, додајте ги сите останати состојки и на средно тивок оган покриено варете 4 – 5 часа. Готово е кога содржината во тенџерето се намалила за 1/3, до 1/2, а течноста е леплива. Ако не сте сигурни, 2 – 3 лажици ставете во мал сад и оставете во фрижидер. За кратко треба да желира.

Кога е сварено со решетка лашица извадете го месото на страна. Извадете го и зеленчукот и фрлете го. Низ ситно сито процедете ја супата во поширок не многу длабок сад. Нека се сталожи. па со лажица соберете ја цела маснотија од површината. Така нема да ви има бели флеки пифтијата одозгора.
Уште еднаш процедете ја течноста низ истото сито, ама овој пат на ситото ставете и филтер хартија или една погруба хартиена салфетка. Вака пифтијата ќе ви биди кристално бистра. Досолете ако има потреба и додајте протиснат лук ако сакате.
Извадете го месото од свинските нозе, додуша минимално го има, мускулот детално исчистете го од сите мембрани, жилички и `рскавци, па исечете го на парчиња.
Распоредете го месото во еден или повеќе садови, според вашите потреби и прелејте го со течноста.
Оставете да се стврдне во фрижидер.
Послужете како предјадење за вашите гости или вашето семејство

Желатин Пифтија 

piftja pacaСостојки

  • 500 гр. чисто свинско месо
  • 2 пакетчина желатин листови
  • неколку парчина лук
  • околу 2л вода
  • некое ливче ловоров лист

Подготовка

Ова е рецепт за сите оние кои се како мене, кои сакаат да пробаат пифтија, но не можат поради свинските делови кои се стваат во пифтијата. Значи сите оние кои ја сакаат чиста, без мрсни наслаги, сите оние кои сакаат да го избегнат долгочасовното варење, ова е супер рецепт. Брз, едноставен и баш вкусен.

Свинското месо го сечкаме на поситни парчиња и го ставаме со околу две литри вода да се вари. Додаваме две три листови, ловоров лист. На страна го сечкаме лукот на ситно, јас ставвив неколку парчиња, нели секој по желба си става. Лукот го ставме при крајот на варењето. Посолуваме и ги ставаме листовите желатин. Употребив две паковки, наменети за две литри вода. Вариме уште пет минути додека се стопи желатинот. Промешуваме убаво и тураме во чинии. Излегува околу шест чинии. Кога ќе оладат, се ставаат во фрижидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1