Ви се јаде нешто брзо и слатко? Испробајте го ова вкусно тирамису, кое познатиот готвач Гордон Ремзи успеа да го подготви за помалку од половина минута.
Состојки:
– 120 г. шеќер
– 300 г. слатка павлака
– Екстракт од ванила
– 250 г. маскарпоне сирење
– Пишкоти
– Чаша силно, црно кафе
Подготовка:
1. Во сад ставете шеќер во прав, додадете ја слатката павлака и се заедно добро измешајте.
2. Во друг сад ставете го сирењето и екстрактот од ванила и добро промешајте ги. Потоа додадете ги во смесата со шлаг, и добро измиксајте додека се не се соедини.
3. Пишкотите преполовете ги, натопете ги во кафето и ставете ги во чаша.
4. Врз пишкотите прелијте ја смесата од садот до самиот врв, и изрендајте темна чоколада.