Ревизија на бугарски државјанства – Агенцијата за бугарите во странство се затвора!


,,Скандал со нелегалните бугарски пасоши: Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!‘‘

,,Илјадници незаконски бугарски пасоши‘‘.

bugarski pasosПод овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло.

Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.

Притоа во медиумите се наведува дека меѓу апликантите кои чекаат ред пред агенцијата стојат бројни лица со бурки или муџахендински бради кои немаат никаква врска со Бугарија.

Пишувајќи за леснотијата со која граѓаните од Македонија, Албанија, Косово, Арапскиот свет и од други земји доаѓаат до бугарски пасош, весникот Труд ситуацијата ја карикира со култната британска хумористична серија Ало, Ало.

За да ја докаже баналноста на решенијата, обвинителката Милена Беремска, која е задолжена за случајот, ги измешала 15-сетината стандардни прашања што по ист редослед им се поставуваат на апликантите, а кои тие ги научиле напамет. Резултатот бил шокантен.

На прашањето:,,Кои се бугарските официјални празници “, кандидатот одговорил-Електричар. Или на прашањето: ,,Што работите?” – одговорот бил – ,,Кирил и Методиј” .

Службениците во агенцијата се правдале дека уверенијата за бугарско потекло ги издавале врз основа на 4 книги-зборници, меѓу кои и ,,Бугарите во Албанија и Косово‘‘ и ,,Бугарите од Голо Брдо, Албанија‘‘.

На новите редуцирани мерки за издавање бугарски државјанства реагираа Бугарскиот културен клуб од Скопје и бугарската ВМРО-БНД кои бараат Македонците да не мора да ги докажуваат своите бугарски корени.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1